Интервјуто што Меган Маркл и принцот Хари и го дадоа на Опра Винфри го потресе светот, а најмногу кралското семејство.
Сепак, според изворот, кралицата Елизабета „не е лута, туку само тажна“, по обвинувањата за расизам изнесени од Меган и Хари, пренесува „Сан“.
„Тие секогаш се грижеле за Хари и кралицата се чувствува многу заштитнички настроена кон него“, тврди изворот.
Тој тврди дека кралското семејство се обидело да го поддржи принцот Хари откако ја запознал својата сопруга.
View this post on Instagram
И покрај тврдењата на Меган дека нема поддршка од кралското семејство, изворот вели дека семејството во тоа време не било загрижено бидејќи се чинело дека Хари е многу среќен со Меган.
View this post on Instagram
Двајцата, меѓу другото, во интервјуто зборуваа за тоа како неименувани членови на кралското семејство изразил загриженост за бојата на кожата на нивниот син Арчи пред да се роди и дека Меган имала проблеми со менталното здравје, но палатата ја одбила нејзината помош.