(ФОТО) Наскоро свршувачка? Кијану Ривс во продавница за накит, купува прстен…

Кијану Ривс (57) е фотографиран за време на шопинг во Лос Анџелес… Ова можеби ќе останеше незабележано доколку славниот актер не купел прстен во златарница.
Ѕвездата на „Матрикс“, кој никогаш досега не бил во брак, можеби е подготвен да ја запроси својата девојка со која е повеќе од четири години, уметничката Александра Грант (48), пренесува Дејли Мејл.
Тој е фотографиран во делот од продавницата каде се продаваат дијамантски прстени, па многумина се сигурни дека ќе купува веренички прстен за неговата долгогодишна девојка.


Да потсетиме, Кијану и Александра првпат се појавија на црвениот тепих во ноември 2019. година, а парот се запознал во 2011. година кога Александра му помогнала со визуелните слики за неговата прва книга. Тие повторно соработуваа во 2015. година, а според изворите, на актерот најмногу и се допаднало што таа со леснотија ја видела неговата душа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …