Турскиот глумец Бурак Оџивит (според мислење на многумина еден од најубавите) објавил фотографија со синот Кенан кој се родил пред неколку месеци.
Покрај сликата напишал само „СИН“.
Лајковите но и коментарите само пристигнуваат:„Ова е најубав момент помеѓу СИН и ТАТКО кој сум го видел“, „Многу убава фотографија и многу убав збор – син – толку многу емоции“…
Младата мајка пак е максимално посветена на синот и под сликата на Инстаграм само напишала: „Се трудам да останам будна“.