(ВИДЕО) СЕКОГАШ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО: О.Џ. Симпсон се огласил за озборувањата дека тој ѝ е татко на Клои Кардашијан

Додал дека овие приказни се злобни и невкусни и дека е „многу горд на Клои и сите девојки, исто како што би бил Боб ако беше тука“.
О.Џ. Симпсон, поранешниот кошаркар, на кој му се судеше за убиство на девојката Никол Браун Симпсон, успеал да собере дури 600.000 следачи на Твитер за само 48 часа.
Една од првите работи кои сакал да ги објасни било озборувањето дека тој ѝ е татко на Клои Кардашијан, а не неговиот некогашен адвокат Роберт Кардашијан, кој починал во 2003. година.

„Сакам да нагласам дека никогаш – во ниту еден облик, на ниеден начин не сум бил романтично или сексуално заинтересиран за Крис и никогаш немав впечаток дека таа има некаков интерес кон мене“, рекол Симпсон.
Додал дека овие приказни се злобни и невкусни и дека е „многу горд на Клои и сите девојки, исто како што би бил Боб ако беше тука“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …