Актерката Скарлет Јохансон се соблекла во костим за капење, а жените ширум светот со задоволство ги гледаат фотографиите и уживаат
Актерката Скарлет Јохансон е позната како една од најубавите и најсекси актерки во Холивуд. Таа отсекогаш ги истакнувала своите облини, а нејзиното тело е земено како пример за совршена фигура.
Сликите на убави актерки во костими за капење се вистинска реткост на интернет, а сега папараците успеале да ги уловат по 15. години. Тие ја фотографирале Скарлет Јохансон во црвен костим за капење додека се релаксира со сопругот на јахта.
За прв пат сега можевме да видиме како изгледа телото на Сакрлет Јохансон по две бремености. Очигледниот вишок килограми го сокрила со високи гаќички и топ во иста боја.
Според модните познавачи, овој модел одлично им прилега на жените со облини.
Да потсетиме, Јохансон и Колин лани во август го добија своето прво дете, момчето Козма, а актерката од претходната врска има седумгодишна ќерка.
Жените едвај ги чекаа фотографиите на Скарлет Јохансон и сега задоволно ги тријат рацете, бидејќи актерката по две породувања изгледа како секоја просечна жена.