(ФОТО) НАЈЈАК БРАК ВО ХОЛИВУД: Важел за голем заводник а веќе 20. години ја сака само неа!

Пирс Броснан споделил трогателна порака до неговата сопруга Кели, по повод 20 -годишнината од нивниот брак.
Дваесет години брак
Во почетокот на август, Пирс и неговата сопруга Кели прославија 20. години брак и љубов со пораката:
„Среќна годишнина драга моја Кели, мојата љубов засекогаш расте со тебе…“


View this post on Instagram

A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial)


Двојката е заедно откако се запознале во 1994. година, кога актерот на Џејмс Бонд се сретнал со новинарката Кели на забава во Кабо Сан Лукас една година пред да дебитира за Бонд во „Златно око“.


Зборувајќи за нивната средба, Пирс подоцна рекол дека не може да се засити од Кели од моментот кога ја погледнал: „Каде и да одев во светот, ми недостасуваше и ќе и пратев билети да дојде за да можеме да бидеме заедно. Изгледаше дека се вклопуваме”, додавајќи:”Најдов одлична жена во Кели. Немаше да најдам толку добра и да барав милион пати”.
Двојката се венчала во 2001. година во Ирска, опкружена со пријателите и семејството.
На 25 -годишнината од нивната врска, Пирс на својот Инстаграм напиша „Ти благодарам за љубовта, љубов моја во овие 25 години и понатаму“.

Единствената жена за Пирс Броснан
Во 2019 година, актерот рекол дека Кели се уште е единствената жена за него.
„Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кели ме гледа, колената ми се тресат“, рекол тој, додавајќи дека таа ‘вистинската личност за мене’”.
Двојката има две деца, Дилан и Парис.
Пирс има три деца од бракот со неговата прва сопруга Касандра Харис, која за жал почина од рак на јајниците во 1991 година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …