(ФОТО) Нов Citan: Еве што нуди знакот на Мерцедес за помалку од 20.000 евра

MЕРЦЕДЕС премиерно ја претстави новата генерација модели на Citan, која ќе понуди и електрична верзија.
Соработката помеѓу Мерцедес и Рено продолжува, и ова е најновиот доказ. Имено, Citan е близнак на моделот на Renault Kangoo, и ќе остане запаметен како последниот комерцијален Мерцедес со класични мотори.


Очекувано, моделот е визуелно усогласен со гамата на Мерцедес, додека најголемата новина во кабината ќе биде достапноста на MBUX infotainment. Се разбира, опремата сега е од прва класа, а некои системи доаѓаат од поскапи модели во гамата.
Асортиманот на мотори вклучува три 1.5 дизели и два 1.3 бензинци во опсег на моќност од 75 до 131 КС, а, во зависност од моторот, ќе се нуди и седумстепена автоматика. Следната година доаѓа електричниот eCitan со дострел од 285 километри, но и батерија која се полни од 10 до 80% од капацитетот за 40 минути.


Првите испораки на Citan се очекуваат до почетокот на ноември, а цените на основните верзии започнуваат од 23.800 евра, или под 20.000 евра за комерцијалните корисници.

Фото: Mercedes


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy S25: Вештачката интелигенција што ја обликува иднината на мобилната технологија

Samsung повторно ги поместува границите на мобилната технологија со својата нова серија Galaxy S25, која …