Граничната полиција на Соединетите држави спасила две деца откако биле пронајдени во шума на брегот на реката Рио Гранде.
Во вторникот, полицијата објави фотографија на Твитер од двегодишно девојче со ранец и тримесечно момче во корпа со ќебе како седат во грмушките.
Во соопштението за печат, граничната полиција откри дека полицајците ги нашле децата напуштени во близина на Орловиот премин околу пладне.
Полицајците кои патролирале со бродот забележале необична боја на брегот на реката, и откако се доближиле, сфатиле дека станува збор за напуштени деца.
Пораката што била пронајдена под носилката во која се наоѓало бебето, ја открила возраста на децата, како и дека се работи за брат и сестра од Хондурас.
– Беше извршено детално пребарување на областа, но немаме податоци што се случило со нивните родители – се наведува во соопштението.
The attention to detail our agents demonstrate while preforming their duties can be the difference between life and death. It is heartbreaking and frustrating to know that there are children being abandoned without remorse or concern for their lives and wellbeing. – Chief Garcia https://t.co/k8FXzoX9OQ pic.twitter.com/0lTc8hlUHk
— Chief Patrol Agent Del Rio Texas (@USBPChiefDRT) September 14, 2021
Во дополнителната изјава објавена на Твитер, началникот на граничната полиција Роберт Гарсија ги пофалил вработените, бидејќи ги довеле децата на безбедно, пишува People.
– Чувството за детали што нашите агенти го покажуваат додека ги извршуваат своите должности понекогаш може да биде разликата помеѓу животот и смртта – напишал тој.
Тој додал дека е болно и фрустрирачки да се знае дека има деца кои се напуштени без грижа на совест, знаејќи дека нивната безбедност во шумата е загрозена.
Во моментов не е познато каде се нивните родители и се уште се трага по нив.
Eagle Pass #USBP agents rescue children abandoned in Rio Grande. More info: https://t.co/xkZHlvIGa9 #CBP pic.twitter.com/PzT4WIm4Ez
— CBP South Texas (@CBPSouthTexas) September 14, 2021
Фото: Принтскрин/Twitter