(ВИДЕО) Британците без милост: BMW M3 завршил во дробилка

Единствениот М3 од генерацијата F80 во караван изданието не издржал долго.
Иако БМВ во понудата немал караван модел на М3 од серијата F80, еден обожавател на БМВ одлучил да ја поправи оваа „неправда“. Тој одлучи да направи свој М3, базиран на обичен караван од серијата 3. На крајот, останал само костурот, а поранешниот семеен БМВ станал вистински М3.
Автомобилот последен пат бил виден на собир на љубители на автомобили, по што полицијата одлучила да ги провери регистарските таблички. Веднаш се посомневале дека на таа регистрација е регистриран дизел. Автомобилот бил лоциран, детално прегледан, а по деталната форензика, било утврдено дека автомобилот има украдени делови од четири од серијата 3, од кои два се М3, украдени во областа каде што „живее“ овој светлозелен примерок. Едната копија била украдена во 2018 година, а другата една година подоцна.


Марк Вевер од полициската асоцијација на Централните автопати рекол дека автомобилот е структурно доста лошо изведен, со технолошки слабо изведени завари. Броевите на шасијата и налепниците биле добро скриени, но полицијата очигледно успеала да ги открие.
Вештачки креираната М3 Туринг завршила на единствениот можен начин во цивилизирана и законски регулирана земја – на место на дробење.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …