Бен Афлек се расплакал на забавата за 53-от роденден на неговата сопруга Џенифер Лопез, а фотографите сето тоа го снимиле.
Папараците успеале да го фатат Афлек додека Џенифер ги бришела солзите од неговото лице додека Бен зборувал со неа, а потоа цврсто го прегрнала.
Ben Affleck seen crying on honeymoon with Jennifer Lopez in Paris – https://t.co/YTKqFQol6R pic.twitter.com/U11wEgqAsp
— Imagesum.com – Latest Information Portal (@imagesum) July 25, 2022
Џенифер за оваа пригода облекла црн тесен долг фустан и ставила ланче со големи бисери околу вратот, а пејачката и во шестата деценија изгледа беспрекорно.
Двојката моментално е на меден месец во Париз по нивната неодамнешна изненадувачка венчавка во Лас Вегас.
Нивните деца им прават друштво во Париз. Децата на Бен – Виолет, Серафина и Семјуел со Џенифер Гарнер и децата на Лопез – Ема и Максимилијан од нејзиниот брак со Марк Ентони.
Фото: Twitter