(ФОТО) НА АНТАРКТИКОТ ПРИЗОР КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ – НЕ, НЕМАЛО МАСАКР: Ледот е потполно крвав, а тоа е знак на една опасна појава!

Пред неколку недели, научниците од украинската истражувачка база Вернадски на Антарктикот забележале дека снежниот простор е скоро целосно обоен со шокантна крваво-црвена боја.
Сликите на „крвав“ снег и мраз изгледаат како да дошло до некаков масакр, како оние во хорор филмовите.
Добрата вест е дека вистинската причина за овој феномен е далеку помалку драматична, но за жал со сериозни последици.
Морскиот еколог Андреј Зотов од украинската академија на науките ги направил овие слики додека спроведувал истражување на станица на Антарктикот.


Gepostet von Національний антарктичний науковий центр am Montag, 24. Februar 2020

Минијатурните суштества, идентификувани под микроскопот како Chlamydomonas nivalis, се виновни за оваа епска сцена.
Станува збор за микроскопски зелени алги. Овие се едноклеточни алги што се вообичаени во сите ладни и снежни места, од Арктикот до Алпите.
Тие се успиени за време на суровата зима, но кога има доволно сончева светлина за да го омекне нивниот кристализиран свет, алгите се будат во пролетта, користејќи вода и сончева светлина за да се шират многу брзо.


Gepostet von Національний антарктичний науковий центр am Montag, 24. Februar 2020


Младите алги се со зелени во боја и имаат две структури слични на опашка наречени флагела, со помош на кои пливаат.
Како што созреваат, тие ја губат подвижноста и развиваат уникатна прилагодлива способност да преживеат во нивната екстремна околина, која вклучува секундарно изолационо ќелиски ѕид и слој на црвен каротноид, што го менува нивниот изглед од зелена во портокалова до црвена.
„Овој слој ги штити алгите од ултравиолетово зрачење“, објаснува украинската академија на науките на својата страница на Фејсбук.
Каротеноидите им помагаат на алгите да апсорбираат повеќе топлина, што пак создава вода што се топи каде можат да напредуваат. Ова е добро за алгите и инсектите што ги јадат, но за жал има и други последици.

Gepostet von Національний антарктичний науковий центр am Montag, 24. Februar 2020

Една студија од 2016. година открила дека цветањето на снежните алги можат да ја намалат количината на сончева светлина и до 13% во текот на една сезона на топење на мразот на Арктикот.
„Ова несомнено ќе доведе до повисока стапка на одмрзнување на мразот“, напишале истражувачите.
Во 2017. година, научниците за животна средина пресметале дека микробните заедници, вклучително и овој вид алги, придонеле за топење на подрачјата со повеќе истопен снег и мраз доведуваат до пораст на алгите за 50 проценти, а местата со повеќе алги повеќесе топат.
Со други зборови, покачените температури предизвикуваат да се стопи повеќе вода, што промовира раст на алги, што доведува до поголемо топење на мразот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …