(ВИДЕО) Фризерот на славните покажал како изгледа шишање од 1.000 долари (55.000 денари)

Жулиен Фарел, омилен фризер на славните, своето шишање го наплатува вртоглави илјада долари (околу 55.000 денари). И’, покрај неверојатната цена, не му недостасува работа.
Поради тоа, новинарката на „Insider“, Емили Кристиан, одлучила да провери што е толку посебно во неговото шишање, но и што точно вклучува.
Како што открила, избрала третман кој вклучува боење на косата, но и маникир, на кој редовно во неговиот салон во Њујорк доаѓаат ѕвезди како Кејт Мос.
Веднаш по доаѓањето Жулиан и објаснил што точно ќе направи со нејзината коса, а фокусот бил на нејзините шишки, кои, според неговото мислење, досега биле „премногу срамежливи“ и „незабележливи“. Таа се согласила со неговите сугестии и храбро се препуштила на третманот.
Цело време повторувала дека се чувствува како принцеза
„Никогаш толку многу луѓе во исто време не ме мазеле. Па, значи, вака се чувствуваат славните и богатите цело време“, се запрашала новинарката.
Пред да ја објави статијата минало еден месец од шишањето, а Емили признала дека и понатаму не и е жал што се препуштила на рацете на славниот фризер.
“Навистина се чувствувам како од мене и мојата коса да го извлече она најдоброто“, заклучила а деталите ги открила во видеото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Монодрамата „Кармен“ утревечер во Драмскиот театар во Скопје

На 11 декември 2024 година, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, …