(ФОТО) Младата пејачка конечно почна да се опоравува: Деми Ловато и’ се обрати на јавноста!

Љубовта која сите вие ми ја пруживте, никогаш нема да биде заборавена и го очекувам денот кога ќе кажам дека тешките времиња се веќе минато…


Пред помалку од две недели, пејачката Деми Ловато беше хоспитализирана поради предозирање со опојни средства. Откако нејзините блиски извори се обидуваа да негираат дека таа е во болница поради предозирање, Деми со долга порака на Инстаграм и се обрати на својата публика со која потврди дека и понатаму се бори против зависноста и дека токму тоа е причината за хоспитализација.
„Секогаш сум била отворена во врска со мојата зависност. Тоа што го научив е дека болеста не е нешто што исчезнува или избледува со текот на времето. Тоа е нешто што мора да продолжам да го совладувам и на кое сè уште треба да работам.


Сакам да му се заблагодарам на Бог што ме држи во живот и што сум добро. На фановите сакам да им кажам дека сум им благодарна за целата љубов и поддршка која ми ја пружија минатата недела, а и после тоа. Вашите позитивни мисли и молитви ми помогнаа да се ориентирам во овие тешки времиња.
Сакам да му се заблагодарам и на моето семејство, на мојот тим и вработените во Седар-Синај, кои беа заедно со мене. Без нив не би била сега тука и не би ви го пишувала ова писмо.
Сега ми е потребно време за рехабилитација, односно фокусирање на трезнењето и опоравувањето. Љубовта која сите вие ми ја пруживте, никогаш нема да биде заборавена и го очекувам денот кога ќе кажам дека тешките времиња се веќе минато.
Ќе продолжам да се борам.Деми“

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato) on


Под фотографијата од писмото на Инстаграм, Деми доби илјадници пораки со поддршка од фановите, кои конечно здивнаа и кои и’ се восхитуваат на нејзината сила.
Како што пренесува списанието „People“, Деми веднаш после излегувањето од болница, своето лечење ќе го продолжи во центарот за рехабилитација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …