Колку е Роналдо голем професионалец покажал кога после тренингот отишол да ги поздрави навивачите и фановите. Подготвен, со пенкало во рака се препуштил на нивните барања – молчел и потпишувал…
На Кристиано Роналдо не му требаше долго прв пат да ја затресе мрежата на противник во дресот на Јувентус.Иако Португалецот тоа го направил на тренинг натпревар против вториот тим на клубот од Торино, сепак најави дека ќе има одлична сезона.
Роналдо заедно со големиот број првотимци заигра против вториот тим на Јувентус, поточно тимот под 23. години, кој се натпреварува во третата италијанска лига.
Роналдо на терен излезе заедно со Дибала, Квадрадо, Даглас Коста, Бонучи, Бентанкур…
По завршувањето на мечот, Роналдо ја почестил својата девојка Георгина Родригез со одење во шопинг во Милано.
„Добро вечер со мојата љубов“, напишала Георгина на Инстаграм.
Роналдо после еден ден пауза продолжува со тренинзите од утре. Во среда екипата се враќа од американската турнеја, а комплетниот тим ќе биде заедно во петок, кога доаѓа и Блез Матуиди.
Колку е Роналдо голем професионалец покажал кога после тренингот отишол да ги поздрави навивачите и фановите. Подготвен, со пенкало во рака се препуштил на нивните барања – молчел и потпишувал. Погледнете: