Ана Ивановиќ денес наполнила 31. година, а сопругот Бастијан Швајнштајгер на Инстаграм и упатил многу романтична порака.
Бившиот германски репрезентативец покрај фотографијата на која позираат во безбол дресови на кои ги пишува нивните презимиња и нејзиниот број години, напишал:„Среќен роденден на неверојатната жена и мајка, има многу прекрасни години, но овој број ќе биде посебен“.
Покрај тоа додал и некои емотикони кои намигнуваат, а нивните обожаватели се прашуваат што сакал со тоа да каже.
Иако и двајцата во текот на кариерите заработиле милиони, брачниот пар Швајнштајгер – Ивановиќ не сака да се расфрла со своето богатство и материјални работи. Наместо тоа, најчесто откриваат колку уживаат во заедничките моменти и во оние кои ги минуваат со синот Лука.