(ФОТО) „Невидлива опасност“: Бебе умрело 12. дена после раѓањето поради бакнеж!

Бебето Емерсон Феј умрело 12 дена по раѓањето поради „бакнеж на смртта“ со кој некој и и го пренел вирусот herpes simpleks.
Скршената мајка оваа несреќна приказна ја споделила со другите родители за да ги предупреди на невидливата опасност која може да биде кобна за малечките бебиња.
„Емерсон го заврши својот живот поради нешто што се вика HSV-1 вирус. За возрасните не е опасен, но за бебињата кои немаат развиен имунолошки систем е фатален“, напишала Присли Трејо од Тексас.


Gepostet von Presley Trejo am Freitag, 26. Oktober 2018

Таа појаснила дека некој може да биде носител на вирусот без никакви видливи симптоми и бакнежот на бебето овозможува тој бргу да се прошири.
„Вирусот се пренесува преку плунка. Прво го напаѓа мозокот, а потоа и другите органи. Тоа се случува толку брзо што не забележувате дека бебето е болно. Во случајот на нашата ќерка, кога дојдовме во болница, нејзиниот црн дроб повеќе не ја вршеше својата функција. Почнаа да и откажуваат бубрезите. Се’ се гасеше“, раскажала ожалостената мајка.
Потоа на девојчето и откажал мозокот, а потоа престанало да и чука и срцето. Во живот ја одржувале само апаратите.
„Луѓе, престанете да бакнувате туѓи деца. Мијте ги рацете кога сте во близина на новороденчиња. Слушнав приказни за други бебиња кои умреле од истиот вирус, но никогаш не мислите дека тоа ќе ви се случи вам. Овојпат да. Моите деца немаат сестра, а сопругот и ја ќерка“, предупредила неутешната Трејо.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …