(ФОТО) Меланија Трамп, иако на операција, уште еднаш осетила каков нечувствителен сопруг има!

Трамп во текот на денот имал премногу зафатен распоред, а тоа што бил отсутен од итната операција на својата сопруга предизвикало лавина на негативни коментари на омилената социјална мрежа, Твитер…
Првата дама на САД, Меланија Трамп синоќа била одведена во болница и и’ била направена операција на бубрегот, а како што јавува Белата куќа, станува збор за бенигна состојба на бубрегот и дека добро се опоравува.
Меланија во познатата воена болница Walter Reed ќе престојува до крајот на оваа недела, а нејзиниот сопруг Доналд Трамп не бил покрај неа за време на операцијата, пренесуваат американските медиуми.
Трамп во текот на денот имал премногу зафатен распоред, а тоа што бил отсутен од итната операција на својата сопруга предизвикало лавина на негативни коментари на омилената социјална мрежа, Твитер.


Но, како што јавува CNN, претседателот Доналд Трамп и’ се јавил на Меланија пред почетокот на операцијата, а подоцна разговарал и со докторите. Во болницата се упатил после пладне, а таму поминал околу еден час. Секако, јавноста за се’ ја известувал преку Твитер:

“На пат сум кон болница во посета на нашата прекрасна прва дама Меланија. Успешна операција, таа е добро. Ви благодарам на сите на убавите желби”!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …