После скандалот со татко и за целата ситуција одлучила да се огласи и’ Меган Маркле.
Само неколку дена пред венчавката на годината Меган Маркле била шокирана со веста за срцевиот удар кој го доживел нејзиниот татко, Томас Маркле, а идната членка на кралското семејство ја замолила јавноста за разбирање и тоа преку гласноговорничка.
„Ова се интимни моменти за госпоѓица Маркле, во последните денови пред венчавката. Таа и принцот Хари молат за разбирање и почитување кон господин Маркле во оваа тешка ситуација“ изјавила гласноговорничката на кралското семејство за TMZ.
Таткото на бившата глумица на американскиот таблоид му открил дека нема да оди на венчавката бидејќи „не сака да ги срами кралското семејство и својата ќерка“, а одлуката следела откако се дознало дека во договор со папараците за 100.000 фунти им продал фотографии.

(ФОТО) После скандалот со татко и се огласила и’ Меган Маркле!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.