(ФОТО) Меланија Трамп и’ во секојдневна комбинација делува моќно:Еве како и успеало!

Првата дама на Соединетите Американски држави вчера ги посетила тексашките семејства погодени од природните катастрофи…
Меланија Трамп и Карен Пенс, сопруга на потпретседателот на САД, Мајкл Пенс, го посетиле брегот на Тексас за да разговараат со преживеаните од големата природна катастрофа која го погоди овој дел од САД во септември
Првата дама разговарала со едно семејство кое останало без дом поради ураганот Харви, посетила локално училиште, ги запознала локалните херои и минала ден за памтење.
Меѓутоа, она што секако ќе се памти после ова патување на на Меланија Трамп е нејзиниот избор на облека за оваа пригода.
Имено, сопругата на Доналд Трамп успеала, и’ покрај тоа што носела зимска јакна, да изгледа многу, многу сексапилно. Како и успеало тоа?
За да се заштити од ладното, Меланија понела тешка јакна на модната куќа Rag & Bone за која странските медиуми јавуваат дека во Америка може да се купи за нешто помалку од илјада долари. Станува збор на маслинестозелен модел кој бившата манекенка ја комбинирала со кафеава ролка и скини модел на темнозелени фармерки.
Меѓутоа, најинтересен дел од оваа комбинација се тесните чизми до колената. Поради тоа и фактот дека станува збор за пар чизми со исклучително високи штикли, она што можело да биде крај но едноставна streetstyle комбинација станала сексипилна варијанта на овој стил.
Едноставно, а така, така моќно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …