(ВИДЕО+ФОТО) Гори Лос Ангелес: Славните личности се иселуваат од Холивуд

Градот се задушува во густ чад откако гигантски пожар избил, во понеделникот, во округот Вентура, северно од Лос Ангелес…
Неколку илјади калифорниски пожарникари деновиве се борат со пожари северно од Лос Ангелес каде што властите наредиле евакуација на жителите од неколку квартови.
Жителите на населбите помеѓу Малхоленд Драјв на северот и Сансет Булевар на југот добиле наредба за евакуација, соопштиле од противпожарните служби. Во средата наутро пожарот уништил 20 хектари вегетација и се’ уште не е ставен под контрола. Музејот „Гети“ и кампусот на Универзитетот од Лос Анџелес се наоѓаат во близина на зоните на пожарот.
Градот се задушува во густ чад откако гигантски пожар избил, во понеделникот, во округот Вентура, северно од Лос Ангелес. Помогнат со силниот ветер, пожарот сега зафатил дури 26 илјади хектари, претставува закана за 12. илјади објекти и поради пожарот биле евакуирани 27. илјади лица.
Претседателот на САД, Доналд Трамп се огласил преку својот профил на социјалната мрежа Твитер и испратил порака со поддршка за жителите, а од Агенцијата за управување со итни случаеви (FEMA) навеле дека се деблокирани средствата за помош на службите.
Според метеоролошките служби, силните ветришта ќе бидат активни и во текот на денешниот ден, а во пожарите кои што избија од понеделникот, едно лице го загуби животот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …