(ФОТО) Меланиа шокирала: Дала интервју и раскажала се’!

Во телевизиската најава стои дека во ова интервју немало „забранети прашања“ па така Првата дама открила и како наводната афера на нејзиниот сопруг Доналд Трамп влијаела на нивниот брак…
Првата дама, Меланиа Трамп (48) во интервју за телевизиската куќа „ЕјБиСи“ првпат проговорила за аферите на својот сопруг. На водителот Том Ламас, Меланиа „му ја отворила душата“ и му раскажала многу работи во приватниот живот за кои до сега само се нагаѓало.
Во телевизиската најава стои дека во ова интервју немало „забранети прашања“ па така Првата дама открила дека го поддржува движењето #MeToo и како наводната афера на нејзиниот сопруг Доналд Трамп (72) влијаела на нивниот брак.


Меланиа во јуни го посетила прифатниот центар за деца на границата со Мексико. На влегувањето во авионот со кој летала во МекАлен, Тексас, била во јакна на марката „Зара“ со испишана порака на грбот „Навистина не ми е грижа, а вас!“.


Во екот на полемиката за мигрантската политика на нејзиниот сорпуг оваа јакна поттикнала бројни реакции па и остри критики.


Водителот Ламас ја прашал да го коментира тој инцидент, стои во најавата. Целото интервју ќе биде прикажано во петок, 12. октомври.

„Морате да имате докази ако велите дека ве злоставувале“
Меланиа Трамп им дала поддршка на луѓето вклучени во движењето MeToo, но истакнала дека оние кои изнесуваат обвинувања за сексуално злоставување тоа мораат да го поткрепат со „цврсти докази“.
„Ги поддржувам жените и треба да бидат слушнати. Мораме да им дадеме поддршка. Но, исто така и на мажите, не само на жените“, рекла Меланиа во разговорот за „ЕјБиСи“ кој е воден за време на нејзината посета на Африка.

На прашањето дали мисли дека мажите кои се обвинети за непримерено однесување и за кои пишувале медиумите се нечесно и третирани таа одговорила дека се потребни „цврсти докази“.
„Навистина треба да имате цврсти докази. Не можете само така некому да кажете ’бев сексуално злоставувана’ или ’ти ми го направи тоа’ бидејќи медиумите понекогаш одат предалеку и знаат некои приказни да пренесат на некоректен начин“, објаснила Меланиа, инсистирајќи дека навистина ги поддржува жените.

Во понеделеникот претседателот Доналд Трамп го бранел Брет Кавано додека се заколнувал за судија на Уставниот суд на свеченоста во Вашингтон. Од номинирањето е соочен со обвинувања за сексуални напади на бројни жени. Меланиа во интервјуто на „ЕјБиСи“ исто така изразила жалење што некои здруженија кои делуваат во Африка не сакаат со неа да работат на хуманитарни програми кои ги финансира Американската агенција за меѓународен развој (USAID).

„Жално е што некои здруженија и фондации на кои сакам да им бидам партнер тоа го одбиваат поради сегашната администрација. Мислам дека ја бираат политиката наместо помагањето на другите“ рекла Меланиа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …