(ФОТО) Меган Маркл покажала како изгледа еден месец по породувањето

Меган Маркл сигурно била една од најголемите ѕвезди на свечената поворка која, како и секоја година, е организирана во чест на роденденот на кралицата Елизабета II. Војвотката од Сасекс се појавила првпат во јавност откако пред еден месец го родила и позирала со синчето Арчи. Малечкиот Арчи се родил на 6. мај оваа година, а родителите на јавноста го покажале два дена подоцна на кусо фотографирање во дворецот Виндзор.


Меган, се чини, потполно се опоравила од породувањето. Војвотката седела во кочија со сопругот Хари и војвотките Кејт Мидлтон и Камила Паркер. Друштвото, судејќи според фотографиите водело пријатен разговор, им се насмевнувале на минувачите и им мавтале.


Војвотката носела темно син фустан од Живанши и шешир со иста боја, а обожавателите забележале дека оваа комбинација веќе еднаш ја носела.


Откако парадата завршила, четири генерации од кралското семејство се собрале на балконот на Бакингамската палата, а една од најголемите ѕвезди бил најмладиот син на Кејт и Вилијам, принцот Луис.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во ноќен клуб – Погледнете ја реакцијата на Шакира откако забележала дека некој ја снима под фустанот

На социјалните мрежи се појави видео од ноќен клуб во Мајами каде Шакира доживеала непријатна …