(ФОТО) Медицински феномен – Близначки: Првата сестра имала симптоми, а другата добила рак!

Еднојајчани близначки, со идентична генетика, често заболуваат од исти болести, велат лекарите…Нераздвојните 11. годишни близначки, Меган и Софи Вокер од Единбург, доживеале необично искуство кое докторите не можеле научно да го објаснат.
Се’ во врска со сестрите е идентчно, освен моментот кога една од нив почнала да покажува симптоми на болест. За неколку дена Меган потполно побледела и почнала да губи на тежина, се жалела на мачнини и исцрпеност, додека веселата и енергична Софи не покажувала никакви симптоми, пишува Daily Mail.
Доктор по општа медицина ја испратил на ренгенско снимање на градниот кош, ултразвук и на магнетна резонанса, но биле потребни месеци за да докторите конечно утврдат што се случувало со неа.
Било откриено дека Софи има рак чии симптоми ги покажувала нејзината сестра, близначка, Меган. Во тој момент и двете девојчиња загубиле на тежина и спаднале, од нормалните 40. на 35. килограми.
„Тоа беше премногу страшно. Немаше никакви индикации дека нешто не е во ред со Софи. Цело време бевме загрижени за Меган, која беше изразито бледа“ изјавила нивната мајка Ребека (37) која има вкупно девет деца.


Posted by Megan Walker on Donnerstag, 2. November 2017

Кај Софи бил пронајден Вилмсов тумор, ембрионален рак на бубрегот, кој се појавува кај 700. деца, годишно, во Велика Британија.
Никому не му било јасно зошто Меган ги има симптомите на Вилмсов тумор кој на крајот бил откриен кај нејзината сестра Софи.
Кога конечно било откриено дека Софи била болна, започнала лекување и тргнала на терапии. Во декември хируршки и бил отстранет левиот бубрег и до јуни ќе мора да оди на терапија.
Прогнозите се позитивни бидејќи зафатот кај децата бил успешен во 85. отсто случаи. Но, до крајот на животот ќе мора да оди на редовни контроли.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …