(ФОТО) Марија Спасовска пред нов голем интернационален предизвик!

Да и’ дадеме поддршка на Марија Спасовска на Интернационалниот фестивал за филмска музика Тралала во Охрид на 16.08.19 од 20.00, Локација – Долни Сарај

Марија Спасовска овојпат ќе ги брани боите на својата земја во Охрид, а ќе се натпреварува во силна конкуренција како најмлада на фестивалот за филмска музика на кој ќе учествуваат 28. кандидати од 21. земја учеснички од Русија, Украина, Словенија, Италија, Арменија, Малта….

Марија Спасовска ќе настапи со композицијата „Reflection од Mulan“, а се надеваме дека повторно ќе ги освои срцата на публиката.
Инаку целиот Интернационален фестивал се одржува во Охрид и Битола. Марија покрај настапот за филмска музика ќе има можност да се натпреварува на фестивалот во конкуренција од над 100. учесника со уште два настапа. Таа овојпат ќе ја испее својата композиција „Дома” на мајчин јазик и во категоријата за композиција на странски јазик ќе ја испее „Where have you been” од Rihanna.

Се надеваме дека ќе добие високи поени од интернационалната жири комисија, па ќе ја видиме и на големиот Гала концерт во Битола на 17.08.19 сабота.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …