(ФОТО) Мајки на железнички станици во Полска оставаат празни колички

ПОРАДИ војната, повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштија Украина, главно во соседните земји – Полска, Молдавија и Романија. Сите сакаат на некој начин да им помогнат, па мајките во Полска почнале да оставаат колички на железничките станици каде пристигнуваат бегалците од Украина.
Имено, повеќето ги напуштиле своите домови и избегаа од завојуваната земја само со најосновните работи. Немало место за колички, па другите сега се обидуваат да им олеснат со прибор за бебиња и мали деца.


Фотографијата од празни колички кои чекаат нови сопственици на железничка станица во Полска стана вирална и споделена над 1.500 пати.
Мајчината љубов е бескрајна и моќна“, се вели во описот.

This image has an empty alt attribute; its file name is majki-kolicki.jpg


Оние кои не успеале да набават количка за своите деца, во прв ред, се снаоѓаат на други начини, па ги возат децата во, на пример, колички за пазарење.

Фото: Фото: Принтскрин/ Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во МКЦ ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Востание“

Денес, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 18:30 часот, по осми пат …