(ФОТО) Си-Ен-Ен објавил шокантно видео: Момче со торба во рака сам плаќејќи ја преминува границата со Полска

Според ОН, меѓу 1,5 милиони бегалци има над 500.000 деца. Многумина од нив родителите ги испратиле сами од Украина или со сосема непознати лица.
Си-Ен-Ен снимил тажен момент како момчето, сам, со торба во рака, ја минува границата. Момчето плаче додека полека оди преку границата на Украина со Полска.


Зад него има група возрасни, но момчето изгледа е сосема само.
„Изгледа прилично мало“, пишува CNN.

Повеќето бегалци од Украина се преселиле во Полска.
11-годишното момче потполно само преминало во Словачка
Вчера словачката полиција објави фотографии од 11-годишно момче кое дошло на словачката граница од Запорожје, градот каде што руските сили во петокот ја гаѓале нуклеарната централа.


Момчето избегало само со ќесичка и со број на мобилен испишан на раката. Носел и пасош.
„Дојде сам затоа што родителите морале да останат во Украина. Волонтерите се погрижија за него, го згреаа, му дадоа да јаде и пие. Исто така му подготвија се за патувањето. Сите ги освоил со својата насмевка! Тој е бестрашен и решителен, вистински, вистински херој“, напишала словачката полиција на својата Фејсбук страница.


Фото: Принтскрин/CNN/Reddit

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој …