(ФОТО) Мајка ги предупредила родителите на опасноста од која настрадал нејзиниот син

Стејси, мајка на три деца, која ја води Фејсбук страницата Daisy First Aid Redhill & Croydon, се присетила на предупредувањето што го објавила пред три години кога момчето од Аризона, Николас Вудгер, претрпел изгореници од втор степен.
Таа споделила фотографија од изгорено деветмесечно бебе, објаснувајќи дека малку луѓе сфаќаат колку може да бидат опасни цревата за вода за време на топло време.
„Момчето претрпе изгореници од втор степен на повеќе од 30. проценти од телото бидејќи случајно беше испрскано со вода од градинарско црево“, напишала таа.


Пожарникарите предупредуваат и дека градинарското црево изложено на директна сончева светлина во текот на летото може да ја загрее водата во внатрешноста на цревото (која не тече) на 54. до 60. Целзиусови степени, што може да предизвика изгореници, особено кај децата и животните. Оставете ја водата да тече неколку минути за да се излади пред да ги прскате луѓето и животните“, велат тие.
Малиот Николас седел во својот базен за деца и чекал мама Доминик да го наполни кога се случила трагична несреќа. Кога го испрскала своето момче со вода од цревото, избил млаз врела вода.
„Мислев дека плаче затоа што е лут, мрази кога го прскаат по лицето. Не бев свесна дека го пече. Бидете внимателни”, изјавила Доминик по инцидентот кој, за среќа, не оставил трајни ефекти и лузни на телото на нејзиниот син.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …