Во ГРУПАТА наречена View from my window, која има повеќе од два милиони членови, се споделуваат фотографии од погледот од прозорецот. Многу луѓе реагираа за време на карантинот и споделуваа фотографии од различни делови на светот. Некои сцени се навистина зачудувачки.
Поглед од прозорец во Качикау, Боцвана, покажува стадо слонови во движење. Членот на групата кој ја објави фотографијата работи како водич и решил оваа глетка да ја сподели со луѓето.
Следниот корисник објавил фотографија од прекрасно зајдисонце во Аризона. На фотографијата се гледаат кактуси и шарени небо, а во објавата напишала дека Туксон често има толку убави зајдисонца.
Фотографија од прозорец од руралниот австралиски дел на Кинетон покажува необични гости во еден двор. Имено, една жена фотографирала голем број кенгури во близина на нејзиниот двор, додека еден стоел пред нејзиниот трем.
Следниот прекрасен поглед од прозорецот е оној од Вудлендс, Тексас. Еден член на групата споделила фотографија од нејзиниот двор во дождливото саботно утро.
Фотографијата од прекрасната сцена од Европа воодушевила многу членови на групата. Еден член на групата споделил фотографија од Норвешка, а глетката е спектакуларна.