(ФОТО) ЉУБОВ: Џон Траволта споделил фотографија од неговиот син во кокпитот

Вчера, популарниот актер Џон Траволта(65) споделил ретка фотографија од неговиот осумгодишен син Бен,кој изгледа подготвен додека седи во кокпитот носејќи пилотска капа.
На фотографијата, Бен седи на местото на пилот со негов пријател претворајќи се дека лета на неговиот прв “first A380 @qantas flight.”
„Мојот син Бен го зазема моето место“, напишал Траволта навраќајќи се на неговата улога како амбасадор на Qantas Airways.


View this post on Instagram

My son Ben is taking my place! His first A380 @qantas flight


A post shared by John Travolta (@johntravolta) on


Актерот станал амбасадот на Qantas Airways во 2002. година, според објавата на веб страната на авиокомпанијата, кога го претставил неговиот 747-400 “wings” после тренингот што го имал во авиокомпанијата во Сиднеј и со Боинг во Сиетл, САД.
Џон Траволта има специфичен начин на воспитување на децата Бен и Ела Блу (19) кои ги има од бракот со сопругата Кели Престон, за кој се отворил во интервју за PEOPLE, ова лето и нагласил дека делат многу слични интереси.

Траволта вели дека не може да биде погорд на својата ќерка која одлучила да ги следи стапките на славните родители и да стане актерка. Таа веќе глумела во „Отровна роза“, трејлер каде глумела со татко и и Морган Фримен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …