Македонскиот поп-пејач, Александар Тарабунов на својот Инстаграм профил објави дека бил уапсен во Битола.
View this post on Instagram
Имено, пејачот вчеравечер имал настап, како што објаснува на Инстаграм на концерт посветен на Тоше Проески и Аки Рахимовски…Но, убавата вечер за него завршила лошо бидејќи Тарабунов, на Инстаграм, објавил дека бил уапсен:
„Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапував, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот сè држеа до 8 сабајле. Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено, напиша Тарабунов на својот Инстаграм профил“.
За жал, објавата на Тара повеќе ја нема на неговиот профил на Инстаграм (ниту на стори) па веројатно откако се било „разјаснето“ и тој малку ги смирил страстите.
Фото: Принтскрин/Instagram