МУЗИЧКО „УЖИВАЊЕ“: Влатко Стефановски пристигнува во БиХ, ќе настапува во четири градови

Музичките сладокусци во БИХ се радуваат на гостувањето на Влатко Стефановски трио во нивната земја…
Концертите се закажани во Зеница, Тузла, Сараево и Мостар
Гитарскиот магионичар Влатко Стефановски во март и април ќе одржи мини турнеја во БИХ. Неговите концерти беа најавени за 2020. година, но плановите беа пореметени поради пандемијата на коронавирус.
This image has an empty alt attribute; its file name is vlatko-stefanovski-1.jpg
– На 29. март е концерт во БНП Зеница, ден подоцна во Тузла во БКЦ. Потоа, на 31 март, Стефановски ќе одржи концерт во Сараево во БКЦ, а на 1. април во Мостар во Хрватската куќа на Херцег Стјепан Косач. Тоа ќе биде вистинско музичко уживање. Тоа е спој на акустичен и рок концерт, а сите знаат каков уметник е Стефановски – вели продуцентот на концертот Томислав Кашљевиќ за порталот „Аваз“.
Оние кои не ги вратиле билетите за концертот „Стефановски-Тадиќ“ можат да ги заменат за овие.
– Тоа нема да биде проблем – додава Кашљевиќ.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …