(ВИДЕО) Yon Idy сними спот за „In Time”: МИЛО МИ Е КОГА МОЖАМ ДА СЕ НАСМЕВНАМ МИСЛЕЈЌИ НА МИНАТОТО

Kантавторот Yon Idy го промовираше спотот за својот најнов сингл „In Time”. Пошироката публика неодамна го запозна овој млад изведувач откако стана еден од шесте финалисти во националниот избор за песна на Евровизија. Но, Yon не застанува, па набрзо потоа сними и спот за да ја заокружи приказната за In Time.

This image has an empty alt attribute; its file name is jon-idi.jpg


Yon секогаш успешно ги комбинира музиката и текстот за да ја пренесе емоцијата на својата публика, токму онака како што тој самиот ја доживува – „Wish I could think of you and not say it’s something wrong / No it didn’t last long, but I am still holding on to you”.

This image has an empty alt attribute; its file name is jon-idi-1.png


„In Time во суштина е песна за убавите спомени. Неодамна сфатив дека како и да заврши односот со некоја личност, она што секогаш ни останува во сеќавање се убавите спомени. Мило ми е кога можам да се насмевнам мислејќи на минатото. Особено ми е драга оваа песна затоа што на неа публиката најдобро реагира кога ја изведувам во живо”, вели Yon.

„In Time” се надоврзува на неговиот сингл од септември 2021 година „My Fire”, кој има 15.000 стримови на Spotify и скоро 100.000 прегледи на спотот.


Yon Idy пораснал опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува во неа и учи од класичните уметници како Битлси и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со доза на блуз и инди ноти. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно, но истовремено работи и на нови песни, па со нетрпение очекува да го издаде својот прв албум оваа година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …