Младата учесничка во шоуто „Америка има талент“, почина на 31-годишна возраст по долга и тешка борба со свирепата болест
Џеј Марчевски ја загуби битката со ракот: се прослави со учеството во шоуто „Америка има талент“, ги остави сите без здив со својот ангелски глас, додека многумина расплака со својата приказна за борбата за живот.
Младата пејачка летово, поради здравјето, се повлече од натпреварувањето, бидејќи состојбата и се влошила и немала повеќе енергија да се подготви за истото. Таа била многу среќна што имала можност да го покаже својот талент во една од најгледаните емисии во светот.
View this post on Instagram
Имала само два отсто шанси да преживее
Да потсетиме, Џеј во шоуто „Америка има талент“ ја отпеа својата авторска песна „Тоа е во ред“, а со својот настап го воодушеви четиричленото жири и директно се пласираше во финалето на натпреварот.
Таа својата животна приказна ја открила пред настапот, за време на интервјуто со жирито:
– Ја пеам сопствената песна „its ok“ – а на прашањето на еден од членовите на жирито за што се работи во песната, таа со насмевка одговорила:
– За последната година од мојот живот.
Сајмон Кауел, видно потресен, ја прашал оваа 30-годишна девојка како е сега, а таа шокирала со одговорот:
– Последен пат кога проверив имав рак на белите дробови, ‘рбетниот мозок и црниот дроб. Важно е сите да знаат дека јас сум повеќе од лошите работи што ми се случуваат – изјавила Џеј, а потоа нејзиниот беспрекорен вокал ги маѓепса сите.
Сајмон Кауел не сакал да гласа за неа, туку го притиснал Златното копче, што оваа убава девојка ја однесе директно во финалето на натпреварот:
– Имам два отсто шанси за преживување, но два отсто не се нула. Два проценти се нешто, и би сакала луѓето да знаат колку е тоа одлично – рекла таа при напуштањето на сцената, додека жирито се обидувало да го опише нејзиниот неверојатен настап.
Членовите на жирито се збогуваат со девојката со ангелски глас
-Ние те сакаме. Почивај во мир Ноќна птица – напишала Хајди Клум.
– Мора да продолжиме да живееме и да учиме од нејзините зборови и стихови. Колку и да се чувствувам ужасно поради нејзината смрт, се чувствувам среќен што ја запознав, слушнав и познавав – изјавил Хауи Мендел.
Фото: Принтскрин/Instagram