(ФОТО) Лицемерие: Жените и црните актери и ’понатаму се потценети во Холивуд

Жените и денес се присутни на филмот но состојбата се влошува кога станува збор за режијата, а тоа е после придуцентите и директорите на студијата највлијателна професија во филмската индустрија.
Студијата која пет години ја спроведувал Универзитетот УКЛА констатира дека „јавноста повеќе сака филмови и телевизиски програми со глумци од различен ентитет“, но „филмскиот сектор“ споро ги исправа своите расни и жанровски нееднаквости“.
И’ покрај кампањата за различност на Оскарите, се’ посилниот глас на жените, движењето #MeToo и успехот на филмот „Црниот пантер“ за црн суперјунак, жените и глумците кои не се белци се понезастапени во Холивуд, покажува студијата.
Анкетата опфатила 200. различни американски филмови прикажани во Соединетите Држави во 2016. година, како и 125. телевизиски програми емитувани во 2015. и 2016. година.
Жените и денес се присутни на филмот но состојбата се влошува кога станува збор за режијата, а тоа е после придуцентите и директорите на студијата највлијателна професија во филмската индустрија.Во набљудуваниот период имало 6,9 отсто жени режисерки, што е пад во однос на една година порано кога ги имало 7,7 отсто. Исто така, во пад бил и бројот на жени со главни улоги во
филмовите.
На телевизијата жените се присутни во главните улоги: 45. отсто во серии емитувани на кабелските телевизии.
Кога станува збор за малцинствата кои чинат 40. отсто од американското население, тие се два пати помалку застапени во главните улоги на кабелската телевизија и пет пати помалку во телевизиските серии отколку белците.
Црните глумци се во нешто подобр положба, можеби благодарение на кампањата Oscars So White (Толку бели Оскари), па црните глумци денес просечно носат 14. отсто улоги на филм и телевизија, а тоа е „пропорционално на нивниот удел во американската популација“ стои во извештајот.
„Ако таквото движење оди во добар правец пред нас е долг пат пред лицата кои не се белци и жените да бидат застапени во склад со демографската стварност во повеќето подрачја на филмската индустрија, а најпосле и зад камерите“, истакнува Дарнел Хант, коавтор на анкетата спроведена на катедрата за општествени науки на колеџот УКЛА.
Извештајот посебно го одвојува светскиот комерцијален успех на блокбастерот “Вlack Panther“ (Црн пантер) во кој повеќето глумци се црнци како и уметничката екипа,што придонесува за урнување на митот според кој во филмовите во кои главната улога ја носат жени или црнци наводно не се добро прифатени на големите пазари како Индија и Кина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …