(ВИДЕО+ФОТО) Актерка од Македонија исчезнала во Холивуд: По неа трага цела Америка!

Адеа Шабани, 25, исчезнала минатиот петок,на 23. февруари, под сомнителни околности, според полицискиот оддел во Лос Анџелес, пренесува КТЛА.
Студентката по актерство исчезнала истиот ден околу 11. часот наутро, соопшти полицијата. Пријателите велат дека ја оставила вратата отклучена, како да очекувала брзо да се врати.
Загрижените пријатели ја пребарувале областа во четвртокот, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка полетала од Македонија, од каде што е нејзиното семејство.
„Не знам, не знам што да мислам“, рекла Мишел Љунгранџ за КТЛА. „Само сакам да ја најдам“.
Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле кај полицијата на Лос Ангелес.
Нејзината пријателка Ема Џо вели дека не е вообичаено за Шабани да не комуницира со своите најблиски.
„Ова не личи на неа, ова не личи на неа“, рече Џо. „Нешто се случува со неа, не знаеме каде е. Толку е тажно, само се надеваме дека е жива“.
Исто така, обично активната корисничка на социјалните мрежи се нема појавено цела недела, според Антонио Есковар.
„И’ ѕвоневме, и праќавме мејлови, и пишувавме на Фејсбук, на Инстаграм – се’ пробавме, и ништо“, изјави тој за КТЛА.
Последниот текст испратен од Шабани не дава никакви траги и бил за црвени свеќи, велат блиските.
Иследниците не објавија никакви информации што укажуваат на нешто сомнително, но пријателите веруваат дека некој ја држи против нејзината волја.
Полицијата ја опиша 25. годишната скопјанка како белкиња со руса коса и сини очи. Висока е 165. сантиметри, а тешка шеесеттина килограми.
Пријателите бараат секој што можеби ја видел да се јави во полиција, вели Еј-би-си.
„Третирајте го ова како таа да е член на вашето семејство, ваша пријателка, бидејќи верувајте ми, ако ја запознаевте оваа девојка, ако ја знаевте оваа девојка, таа ќе им беше голем пријател на сите што ја познаваат“, рече Лисјен Јовановски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …