(ФОТО) Кокосов орев

Состојки:
Тесто:
300 гр маргарин
1 шоља (100 мл) какао
1 чаша (200 мл) шеќер
3 јајца( две цели и една жолчка)
1 чаша гриз
2 кесички печиво
1 кесичк ванилин шеќер
по потреба брашно ( околу 4 чаши)
Полнење:
1,5 чаши кокосово брашно
1 чаша шеќер
1 белка
1,5 чаши шеќер
2 чаши вода
Подготовка:
1. Најпрво го спремаме шербетот, во водата го додаваме шеќерот и вариме додека да почне да врие потоа го тргаме да олади.
2. Ја спремаме смесата со кокос за полнење. Белката ја матиме со 1 чаша шеќер потоа го додаваме кокосот и со лажица ја соединуваме смесата.
3. Го спремаме тестото. Маргаринот го топиме до половина потоа тргаме на страна и го растопуваме остатокот. Двете јајца и една жолчка ги матиме со шеќерот ги додаваме изладениот маргарин, какаото, гризот и мешаме. Го додаваме пецивото, ванилата и брашното и го замесумаме тестото од кое треба да се формират мазни топчиња без да се лепат за раце.
4. Од тестото вадиме топчиња малку поголеми од орев ги расплескуваме на рака во средината ставаме од филот и ги затвараме краевите формирајки пак топче. Ги редиме на подмачкан плех или на хартија за печење. Ги печеме на 200 степени.
5. Кога ке ги извадиме од рерна ги ставаме во изладениот шербет да впијат малку од шербетот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …