Влатко Стефановски и’ со ТРЕТ КОНЦЕРТ на 20. март

Поради огромниот интерес и продадените 2 концерти закажан е и ТРЕТ КОНЦЕРТ!
КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ – „МАЈЧИН ЈАЗИК„
„Мајчин јазик„ е 35. албум на Влатко Стефановски, снимен во април 2017 година а публикуван од Кроација Рекордс.
„Мало интимно парче музика“ е епитетот што тој самиот му го дава на неговиот последен албум и вели дека е снимен за само неколку дена во неговото студио. Сите композиции се снимани „од прва„, така како што тој ги почувствувал во моментот.
На концертите публиката ќе може во живо да го слушне материјалот од новиот албум а како специјални гости ги најавуваме балканската етно дива Биља Крстиќ, нашата оперска дива Весна Гиновска Илкова, како и нашите Љубојна.
Влезниците се во продажаба по цена од 1000 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на веб страницата на www.kupikartizase.com.
https://kupikartizase.com/Events/vlatko_stefanovski_koncert_2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …