За аутфитот на Сузана Гавазова на неодамна одржаниот фолк фестивал „Роса“ во јавноста се направи вистинска сензациа и се’ со коментари во стил дека била многу разголена и ја „надминала Цеца“.
И покрај тоа што е мајка на две деца, фолк-пејачката Сузана Гавазова е една од најзгодните пејачки на нашата фолк, па и поп естрада.
Секогаш дотерана од глава до пети, Сузи воодушевува со својот изглед каде и да се појави.
Така било и за време на нејзиниот настап на фолк-фестивалот „Роса“, кој се одржа пред неколку дена. Облечена во провокативно издание, Гавазова многу наликувала на српската мега ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Но, „финтата“ е во тоа што кога Цеца Ражњатовиќ ќе се разголи на сцената е атрактивна и секси, а за нашата пејачка имаше коментари дека „градите и се на изволте“. И, тоа лицемерие не е во ред. Нашата Сузана Гавазова изгледала супер, атрактивно, сценски без вулгарности, впрочем како и многу други светски атрактивни пејачки. Ние би кажале умерено и допадливо. Впрочем, погледнете сами:
(ФОТО) Лицемерие: Цеца е секси а за Сузана Гавазова се вели „гради на изволте“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.