(ФОТО) Хуманитарна ревија „Убави сме, свои сме“: Зорица Заева едноставна но елегантна во црн костум

Викендов во Струмица се одржа хуманитарна модна ревија на кој присуствуваше и Зорица Зева, сопруга на македонскиот преиер, Зоран Заев.
Во црн костум, бела кошула и вратоврска, сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, денес беше дел од модната ревија која се одржа во Струмица во клубот „Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението „Вера“.

Зорица Заева на самата ревија прошета со Александар Матковски-Цако, студент со Даунов синдром
Модната ревија се одржа во присуство на многу гости, а на ревијата учествувале и децата со посебни потреби. Оваа година настанот беше под мотото „Убави сме, свои сме“.
Моделите носеа облека од бутиците во Струмица. Влезот беше по цена од 50. денари, а собраните средства се наменети за здружението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром, „Вера“ од Струмица“.На модната писта во клубот „Индустријал“ со насмевки на лицето поминаа Верче, Дејан, Азал, Ева, Максим, Лиза, Бурчин, Јован, Матилда, Иван, Ана Марија и Цако, кои во повеќе модели блеснаа како манекени и манекенки, придружувани од јавни личности. Нивната среќа беше неизмерна што станаа звезди за кусо време и се дружеа со пејачи, актери, политичари, новинари, меѓу кои и Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев.
„Поканата за модната ревија се случи на еден настан кој беше организиран во Струмица за лицата со посебни потреби.На самиот настан на кој присуствував ме покани Анче Туфекчиева за да учествувам и така се нафатив, секако без двоумење“ изјави Заева неодамна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …