(ВИДЕО) Ештон Качер со светот поделил неверојатна приказна за Меган Маркле


Меган Маркле моментално е најомилена или мразена жена на светот. Оние кои ја сакаат ја истакнуваат нејзината убавина и актерски талент, додека за други таа е обична спонзоруша која од хостеса во квиз дотуркала до идна припадничка на кралско семејство.
Скоро и не може да се најде напис за неа во кој не се истакнува нејзината интелигенција, освен ако не е во контекст дека била доволно интелигентна да го фати принцот Хари.За тој дел на нејзината личност проговориле други глумци кои имале можност да ја запознаат.
Еден од нив е Ештон Качер, кој на својот профил на Фејсбук поделил видео во кое Меган зборува за епизода од своето детство.
„Кога имав само 11. години несвесно и случајно станав заговорник на женските права. Бев во основното училиште и гледав ТВ емисија во која се прикажуваше реклама за детергент за садови со реченицата:’Жени ширум Америка се борат со мрсни лонци и тави’. Две момчиња од мојот клас рекоа:’Таму на жените и’ им е местото, во кујната’. Се сеќавам дека бев во шок, лута и повредена. Тоа не беше во ред и нешто мораше да се напрви“ ја започнала Меган својата приказна.


Meghan Markle is making a seat at the table

You can make a difference no matter how old you are.


Posted by Ashton Kutcher on Donnerstag, 30. November 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …