(ФОТО) Ташната на Меган Маркле распродадена за неколку часови


Било потребно само неколку часови за да ташната на шкотската марка Strathberry од околу 600. евра биде распродадена, откако на својата прва кралска задача во Нотингем ја покажала свршеницата на принцот Хари,Меган Маркле.
Интересната ташна со бордо боја на шкотскиот бренд Strathberry, со која Меган Маркле го дополнила стајлингот на својата прва кралска должност, чини 675. долари, а се распродала во момент, откако ја промовирала свршеницата на принцот Хари.
Гласноговорничката на брендот, кој во 2013. година го покренале Лин Хандлејби и нејзиниот сопруг Гај, за Маркле изјавила, дека се воодушевени. Наводно, во време кога Лин на Меган и испратила неколку ташни од колекцијата, уште не било обелоденето дека таа и принцот Хари се свршени.

https://www.facebook.com/Strathberry/photos/a.197678520414359.1073741828.185648284950716/825953987586806/?type=3


Убавата бринета за својата прва кралска должност облекла долг, темно син, капут кој го потпишува канадскиот бренд Mackage, под кој се наѕирало здолниште во беж боја и високи чизми во црна боја.
Со оглед на тоа дека не носела ракавици, нејзиниот дијамантски свршенички прстен доаѓал до израз. Свршувачката со принцот Хари е објавена во понеделникот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден во 1987, Шер го објави хитот што го означи нејзиниот голем камбек – „I Found Someone“

На 19 ноември 1987 година, легендарната американска пејачка Шер го објавува синглот „I Found Someone“, …