Во синоќешното издание на шоуто ТЛЗП имавме можност да видиме многу спектакуларни настапи, додека некои и тоа како ја изненадија публиката.
Победник во 10.тата епизода е Бранислав Лечиќ како Антонио Бандерас од филмот „Десперадо“ и на сцената како латино заводник имаше најдобар настап.
Затоа тој ја освои наградата од 1.000 евра која ја донира на Уницеф, за некоја од нивните програми за деца, така што парите уште еднаш ќе отидат онаму каде се најпотребни.
Нашата Тијана Дапчевиќ како Мадона го „размрда“ студиото или како што таа вели го минираше, особено кога се качи на пултот на жирито, и на судиите им понуди да пеат што предизвика вистински шок не само кај нив туку и во публиката.
„Ова е една од песните на која не сум голем фан, зашто Мадона има толку многу прекрасни песни во својата 30. годишна кариера, но младите го сакаат ова. Ова е нова песна на Мадона“ кажа Тијана за песната „Bich I’m Madona“.
Инаку, членовите на жирито и во оваа епизода и ги доделија највисоките бодиви, па фалеше малку за по вторпат да биде победник во шоуто.
