(ФОТО) ЛЕКЦИЈА на Шенон Доерти за убавината што треба да ја прочита секоја жена: Природно а не како што бара Холивуд!

Шенон Доерти, ѕвездата на сериите „Беверли Хилс 9021“ и „Шармиран“, објави фотографија без шминка и филтри, а се осврнала на токсичните стандарди за убавина.
„Гледајќи ги филмовите вечерва, забележав дека има малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жени без полнила, без ботокс, без дотерување. Жenените кои го прифатиле своето лице и искуството што го покажува“, напиша Доерти во своето излагање на Инстаграм, нагласувајќи дека нејзиното лице го отсликува она што го доживеала.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)


„Поминав многу. Да, рак, но и повеќе од тоа. Сега се’ прифаќам. Конечно. Готово е со перцепцијата за убавина што Холивуд и магазините ја туркаат и се обидуваат да нè вовлечат во неа. Сакам да гледам жени како мене. Жени како нас“, заклучила таа.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

Да потсетиме, на актерката по прв пат и беше дијагностициран рак на дојка пред шест години, а две години подоцна, објави дека е во ремисија. Меѓутоа, во февруари 2020. година откри како нејзиниот карцином се вратил и напредувал во четвртата фаза. Оттогаш, таа повторно влезе во борба против злобната болест.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осмо издание на Скопски вински салон – Винодонија 2024

Во препознатлива елегантна и опуштена атмосфера Винодонија 2024 ќе се одржи на 13-ти и 14-ти …