Објавен е трејлерот за новиот филм на Стивен Содерберг, криминалниот трилер на HBO, No Sudden Move.
Режисерот на филмови како Traffic и Erin Brockovich собра прилично импресивна екипа за новиот филм. Имено, главните улоги ги играат Дон Чидл, Бенисио дел Торо и Џон Хам.
Дејвид Харбор (Stranger Things) исто така се појавува во филмот полн со пресврти, а има и елементи на црна комедија. „Во 1955 година, во Детроит, беше ангажирана група мали криминалци за да украдат нови технологии за автомобили“, стои синопсипот на филмот.
Филмот премиера ќе има на Филмскиот фестивал Трибека (9-20 јуни), а од 1 јули треба да биде достапен на HBO Max.
Фото: Принтскрин