Мартинијан Кириловски пред една година дипломира и стана менаџер на бизнис логистика, но музиката е неговата најголема љубов и продолжува понатаму, а сега не воодушеви со најновата песна…
Балканската јавност го запозна како еден од најталентираните Македонци кој се натпреваруваше на „Ѕвездите на Гранд“. А пред две години и како победник на „Макфест“ со темата „Сто пати на ден“…
За кусо време стана миленик на публиката која едвај очекуваше нов хит од него.
Мартинијан Кириловски си го исполни ветувањето кое ни го даде во интервју после победата на „Макфест“, дека ќе работи напорно и ќе создава песни за својата публика.
„Оквир преваре“ е насловот на неговата нова песна. Музика што веднаш “влегува во уво“, текст во кој многумина ќе се пронајдат.
И најважното, се разбира, талентираниот Мартинијан по којзнае кој пат докажува дека има прекрасен глас и силни вокални способности.
Музиката и текстот се на Видан Караѓурковски, а аранжманот на Иле Спасев.
Фото: Принтскрин/Youtube