(ФОТО) Леб со лук: Не се мачете да месите – овој полнет леб сите ќе ги воодушеви!

На новогодишната трпеза е обичај да се има и нешто месено…Но, наместо да се мачите да месите или скапо да плаќате готови кифлички или погачи пробајте го овој леб со лук кој кога еднаш ќе го послужите никој нема да ви бара ништо друго…
Состојки:
векна леб (бел, црн, интегрален) – битно е да е цел а не сечен на кришки
лук (1 главичка лук на 1 векна леб)
свеж магоднос
оригано
маргарин (околу 250 г за една векна леб – може и помалку)
путер
Подготовка: лукот исчистете го, ситно исечкајте, малку насолете и истолчете. Додајте го маргаринот и убаво измешајте а на крај вмешајте ситно сечкан магдонос и суво оригано (може и едно од двете зависи што сакате).


Лебот исечете го на кришки но долната кора да остане цела за да лебот не се подели. Земајте од смесата и мачкајте ја секоја кришка до двете страни. Колку ќе ставате од смесата зависи од вашиот вкус но не претерувајте за да лебот не биде мрсен. Кога ќе ги намачкате сите кришки, формирајте го лебот (кој во меѓувреме ќе заличи на лепеза) завиткајте во алуминиумска фолија и потоа во ќесе, убаво завиткајте и префрлете во замрзнувач. После неколку часа (или денови) лебот во алуминиумската фолија загревајте го на 150 степени – да се одмрзне и добие малку боја. Веднаш послужете.
Секако, ако немате доволно време лебот можете да го загреете и веднаш послужите – вкусот ќе биде единствен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …