Манекенката Жизел Бундхен и американскиот фудбалер Том Брејди, кои се венчаа во 2009. година, минуваат низ тежок период и се соочуваат со брачни проблеми.
– Тие двајца моментално живеат одвоено – изјавил за Си-Ен-Ен извор близок на манекенката.
– Брејди се повлече од НФЛ во февруари, за подоцна да ја смени таа одлука. „Тој зеде единаесет дена одмор од тренинг кампот во август за да се занимава со лични работи“, рекол главниот тренер Тод Боулс.
Во интервју за списанието Elle објавено оваа недела, Жизел рекла дека е загрижена за враќањето на нејзиниот сопруг на теренот откако тој првично се пензионираше минатата зима.
– Ова е многу насилен спорт, а јас имам свои деца и би сакала тој да биде поприсутен. Цело време ги имав овие разговори со него. Но, на крајот, мислам дека секој треба да донесе одлука што му одговара. И тој треба да си ја следи среќата – рекла тогаш таа.
Во вторникот во неговиот „Let’s go!“ подкаст со ко-водителот Џим Греј, Брејди истакнал дека децениите играње во НФЛ имаа влијание врз неговите приоритети.
-Не сум имал Божиќ 23. години и не сум имал Ден на благодарноста 23. години, не сум славел родендени со луѓе за кои ми е грижа кои се родени помеѓу август и крајот на јануари. И не можам да бидам на погреби и не можам да бидам на свадби“, изјавил Брејди.
– Мислам дека доаѓа момент во вашиот живот кога ќе речете: „Знаеш што? Доста ми беше и имам доволно време да продолжам, да преминам на други делови од животот“ – додал тој.
Фото: Архива