(ФОТО) Кралот Чарлс ги исфрлил Хари и Меган од нивната резиденција во Велика Британија: „Ова е крајот!“

Кралот Чарлс одлучил да ги исфрли Хари и Меган од Фрогмор Котиџ, куќата која била нивниот дом во Велика Британија, а принцот Ендру наместо нив се вселува во кралската резиденција, пишува The Sun.
Според британските медиуми, Бакингемската палата издала известување за иселување на војводата и војвотката од Сасекс откако во јануари оваа година беа објавени мемоарите на Хари.


Принцот Ендру веќе се вселува во нивниот поранешен дом иако на почетокот бил против тоа. Без оглед на неговата одлука, Хари и Меган се принудени да ја напуштат резиденцијата, и така остануваат без нивниот единствен преостанат дом во Обединетото Кралство.

View this post on Instagram

A post shared by Meghan Markle (@meghan.markle.official)


„Ова секако го означува крајот за Хари и Меган во Обединетото Кралство. Ендрју се спротивстави на идејата да се пресели во Фрогмор Котиџ откако му беше понудено минатата недела, но Хари и Меган не можат да го спречат иселувањето“, рекол извор близок до кралското семејство. .
Кралската резиденција се наоѓа на имотот Фрогмор во Виндзор, кој кралицата Елизабета им ја подари на Хари и Меган за нивната свадба во 2018 година.
Куќата се наоѓа во близина на Аделаид Котиџ, главната резиденција на принцот и принцезата од Велс, и се состои од пет спални соби и пространа градина. Неговото реновирање чинело 2,4 милиони фунти пред парот да се всели.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …