(ФОТО) Кралот Чарлс е подготвен за одмазда? На Хари не му се пишува добро

Кралот Чарлс би можел да го прекине молкот за принцот Хари во големо интервју за Би-Би-Си. Соработниците на палатата разговараат за можноста новиот британски крал да го искористи интервјуто за да ја даде својата страна од приказната по серијата обвинувања против него и остатокот од семејството, што неговиот син Хари ги направи во своите мемоари и во документарецот на Нетфликс.
Ако палатата се согласи на интервју, Чарлс би можел да му одговори на Хари три години откако започнале неговите обвинувања на сметка на Виндзори.


Интервјуто би можело да се случи пред крунисувањето на Чарлс, а шефовите на Би-Би-Си сакаат кралот да ги открие своите желби и планови за време на владеењето. Наводно, новинарот на Би-Би-Си, Џонатан Димблби треба да разговара со кралот.
„Дури и еден мал коментар за Хари и Меган би станал светска вест. Тоа може да го поттикне и одговорот на Хари, кој би бил непредвидлив, како и многу други. Сè е многу деликатно“, велат извори од палатата.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …