(ВИДЕО+ФОТО) ПАРАЛИЗА НА ДЕЛОВИ ОД ЛИЦЕТО – Џорџ Клуни открил дека како тинејџер боледувал од Белов синдром, вака изгледал тогаш

Џорџ Клуни неодамна им открил на медиумите дека како тинејџер боледувал од Белова парализа, болест која зафаќа дел од лицето.
Холивудскиот актер Џорџ Клуни неодамна гостувал во емисијата „Jimmy Kimmel Live“ каде изјавил дека како тинејџер се борел со парализа на лицето, т.н. Беловиот синдром.

По повод 20-годишнината од ова популарно шоу, 61-годишниот актер во четвртокот го посетил познатиот водител заедно со раперот Снуп Дог и разговарал за нарушувањето.
Откако водителот и комичар Кимел сподели фотографија од раперот од средношколските денови, тој се потсетил и на фотографиите од актерот Клуни, исто така од неговите помлади денови.


This image has an empty alt attribute; its file name is kluni-bolest-1.jpg

На една фотографија јасно се гледа дека актерот имал парализа на лицето. Но, пред Кимел да се исмее со изгледот на Клуни, тој му објаснил зошто ја има таа насмевка.


„Чекај, сакам да ти истакнам нешто, затоа што ќе се шегуваш. Имам Белова парализа и половина од лицето ми е парализирано. Ако одиш вака, од друга страна, тоа е сосема друго лице. Па сега пошегувај се. Ајде смешен човеку.Ајде,да, ќе ти го покажам моето тажно лице“, се пошегувал актерот покажувајќи како на една фотографија има два различни изрази на лицето.
Според медицинските експерти, Беловата парализа е привремена состојба која предизвикува ненадејна мускулна слабост на едната страна од лицето. Обично се подобрува во текот на неколку недели. Точната причина за состојбата е непозната и ретко се јавува повеќе од еднаш во животот на една личност.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …